Search

Во судир со мопед и „берлинго“ тешко повредена малолетничка од Штип

На 23.02.2020 во 17.20 часот било пријавено дека во с.Стар Караорман, штипско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „цитроен берлинго“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.М.(69) од Штип и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 15 годишна малолетничка од с.Таринци, општина Карбинци. Во незгодата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.

Треба да знаете
Последни објави