Search

Во струмичката болница се зголемува бројот на легла за нови пациенти од Ковид-19

Струмичката болница го зголемува бројот на легла за прием на пациенти заразени од коронавирус, информира директорот д-р Наќе Гогов.

-Хируршките амбуланти се преселени во новиот болнички крак, а на почетокот на октомври тука треба да бидат поставени нови 15 кревети за прием на пациенти заразени од Ковид-19. На инфективното одделение капацитетот од 20 кревети веќе е исполнет и со дополнителните 15 ќе можеме да примиме нови пациенти, рече директорот Гогов.

Во Струмица се активни над 150 случаи на заразени од коронавирусот, а до пред неколку денови постојано се регистрираше двоцифрена бројка на новоинфицирани.

Треба да знаете
Последни објави