Search

Во Струмица објавен список со имиња на 20 одбојкарки како заболени од Ковид-19, клубот бара одговорност

Првиот човек на ОК „Виктори Волеј“ од Струмица ќе бара одговорност од лицето што ја креирало листа со имињата на одбојкарки дека се позитивни на ковид-19, објави ТВ24.

Списокот со околу 20-тина имиња и презимиња на девојки синоќа експресно се прошири по социјалните мрежи дека се новозаболените од коронавирус во Струмица.

Претседателотна клубот, Андон Василев потврди дека две девојки од клубот се позитивни чија здравствена состојба е добра, а сите останати се при крај со самоизолација што не значи дека се позитивни. Од клубот најавија кривична пријава против креаторот и споделувачите на списокот со имиња бидејќи е нарушен угледот на девојките и клубот.

 

Треба да знаете
Последни објави