Search

Во Србија 325 новозаразени и 8 смртни случаи, донесена одлука за затворање на џамиите

Вo последните 24 часа, во Србија се регистрирани 325 нови случаи на инфекција со коронавирус, а починаа осум лица.

Како што соопштија тамошните здравствени власти, направени биле 7.434 тестови, а на респиратори се 86 пациенти.

Вчера беше најтешкиот ден за Србија од почетокот на епидемијата затоа што беа регистрирани дури 11 смртни случаи.

Иламската заедница во земјата денеска одлучи да ги затвори сите џамии поради влошената епидемиолошка состојба.

Одлуката е донесена со цел да се спречи понатамошно ширење на инфекцијата преку верски обреди, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Исламската заедница во Србија, потпишано од страна на претседателот, муфтијата Мевлуд еф. Дудиќ.

Треба да знаете
Последни објави