Search

Во Србија 227, во Хрватска 85, во Словенија 14 новозаразени со Ковид 19

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 85 случаи на заразени со корона вирус, а во моментот има 386 активни случаи, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Од 25 февруари кога беше забележан првиот случај на зараза во Хрватска до денеска вкупно се забалежани 2.624 случаи на заразени од Ковид-19, од кои 107 починаа, а 2.152 оздравеа. Во самоизолација во моментот се 2.363 лица, а до денеска во Хрватска се тестирани 76.624 лица, од кои 1.187 во последните 24 часа.

Во изминатите 24 часа со Србија се регистрирани 227 новозаразени од коронавирус од 5.993 тестирани. На респиратор се 32 лица а две починале. Бројот на активни случаи е 1 187.

Словенечките здравствени власти во последното деноноќие на коронавирусот тестирале 878 лица, при што заразата е потведена кај 14 од нив, соопшти словенечката влада.

Станува за дневен скок на новите случаи со коронавирусот како што не е забележан во Словенија уште од 24-ти април, кога беа потврдени 15 коронацирусни инфекции.

Со новите податоци од последните 24 часа, бројот на активните случаи се зголемил на 80, а бројот на потврдени зарази од почетокот на епидемијата на 1.572, по изведените речиси 100.000 тестови.

Нови смртни случаи не се регистрирани, па бројката смртни исходи како последица од заразата со коронавирусот остануваа 111 починати.

Треба да знаете
Последни објави