Search

Во Србија 203 нови случаи на коронавирус, две лица починаа

Во последните 24 часа во Србија се евидентирани 203 нови случаи на коронавирус, а две лица починаа.

Има 25 пациенти на респиратор во болниците низ цела Србија, што е повеќе од вчера, кога тој број беше 22.

Во последните 24 часа тестирани се 6.504 лица.

Седницата на Кризниот штаб за сузбивање на коронавирусот во Србија ќе се одржи утре. Седницата ќе се одржи со оглед на скокот на бројот на новозаболени лица во Србија и појавата на голем број пациенти во неколку градови.

Треба да знаете
Последни објави