Search

Во Србија со новите евидентирани 54 лица бројката на заразени со коронавирус се искачи на 303

Во Србија досега се регистрирани вкупно 303 потврдени случаи на „Ковид-19“, што е за 54 повеќе од вчера. Според последните информации, 21 лице се наоѓа на респиратор, а 15 се излечени.

Тестирани се уште 94 лица, од кои 54 се позитивни. Од нив, 27 се хоспитализирани, а од вкупниот број на заразени, 21 пациент се на респиратор.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, по состанокот со Кризниот штаб и кинеските експерти, изјави дека во Србија ќе се примени масовно тестирање на коронавирус.

Епидемиологот Предраг Кон рече дека е време да се преземат агресивни мерки во борба против овој вирус.

Треба да знаете
Последни објави