Search

Во Србија рекордни 7.999 новозаразени со коронавирус, 48 починати

Во последните 24 часа биле забележани рекордни 7.999 случаи на коронавирус од 22.837 тестирани. Починаа 48 лица. Ова е најголем број на тестирани и заболени од коронавирус од почетокот на пандемијата. На апарати за дишење се приклучени 269 пациенти.

Угостителските објекти и услужните дејности ќе можат да работат само до 17 часот во работните денови, а за време на викендите воопшто нема да можат да работат, е една од новите мерки предложени од Кризниот штаб, што ќе ги донесе владата на седницата в четврток. Мерките ќе важат од петок.

Треба да знаете
Последни објави