Search

Во Србија рекорден број смртни случаи на дневно ниво од последици од Ковид-19

Во изминатите 24 часа во Србија тестирани се 18.592 лица, од кои 7.041 се позитивни на Ковид-19, а починале 61 пациент, што е највисока бројка во еден ден од почетокот на пандемијата.

Според податоци на српското Министерство за здравство о Институтот Батут, хоспитализирани се 7.011, а на респиратор се 254 пациенти.

Во Србија од почетокот на пандемијата починаа 1.484 луѓе,процентот на смртност од новиот коронавирус изнесува 0,91 отсто.

Треба да знаете
Последни објави