Search

Во Србија за првпат се регистрирани повеќе од 1.000 заразени лица со коронавирусот

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 9.430 лица за инфицираност од коронавирусот, а 1.053 биле позитивни. Пет лица ја загубиле битката со коронавирусот. Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“ во Србија има 38 пациенти приклучени на респираторни машини во болниците.

Пред два дена имало само 26 лица на апарати за дишење, па зголемувањето од вчера е цели 50 проценти! Исто така, вчера, друга бројка била загрижувачка – дури 107 лица се примени во болниците за еден ден, односно секоја трета личност која била позитивна на ковид-19. Вчера имало 768 лица во болниците.

Од утрово пристигнуваат драматични предупредувања од експертите – дека денес ќе има повеќе заразени лица од почетокот на епидемијата и сè повеќе најави за нови мерки – скратување на работата на угостителските објекти и задолжителен тест за ПЦР за влез во Србија.

Директорката на „Батут“, Верица Јовановиќ, рече дека Кризниот штаб ќе продолжи да ги предлага најитните мерки во согласност со епидемиската состојба. Во меѓувреме српските медиуми известуваат за нелегални корона-забави со масовно присуство во кафулињата и ноќните клубови.

Треба да знаете
Последни објави