Search

Во Србија градобијните облаци имале сила колку една или повеќе термонуклеарни бомби

Во Србија која пред два дена беше зафатена од поројни дождови и град, за што беа испукани околу 900 градобијни ракети, сеуште се санираат поседиците во подрачјата зафатени од невремето.  Директорот на Хдрометеоролошкиот завод во земјата Југослав Николиќ објаснува дека невремето било последица од циклон кој од Средоземјето се преместува кон Балканот.

-Вакво невреме не е карактеристично за овие делови од континентот, но повремено се можни и овие појави. Создадени се најсилните можни градоносни облаци, суперќелиски кумулонимбуси со висина преку 16 километри, ветер, дожд и град. Овие суперќелиски кумулонимбуси имаа енергија колку една или повеќе термонуклеарни бомби- вели Николиќ.

 

 

Треба да знаете
Последни објави