Search

Во Сплит испишан графит со морбидна порака до Ѓоковиќ

Сплитската полиција води истрага кој напишал морбидна порака до српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во центарот на градот, а се очекува во текот на денот ѕидот да се обои.

На ѕидот на улицата Сињска во центарот на Сплит се појави натпис со кој се посакува смрт на Ѓоковиќ. Од полицијата велат дека тие отишле на местото на настанот и ја информирале комуналната служба за сè.Тие додаваат дека ќе се отстранат навредливите графити и дека полицијата го бара нивниот автор.

Ѓоковиќ беше организатор на тенискиот мега-спектакл „Адрија Тур“ неодамна одржан во Задар, кој беше прекинат поради инфекција со коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави