Search

Во Сплит евакуиран дом за стари лица поради Ковид-19

Околу 50 лица од дом за стари и изнемоштени лица синоќа се пренесени во клиничката болница (КБЦ) во Сплит синоќа откако  било утврдено дека 10 лица се заразени со новиот коронавирус, јавија хрватските медиуми.

Лицата од домот ги превезувале медицински работници облечени во заштитни одела.

Директорот на домот за стари и изнемоштени лица Иван Скаричиќ рече дека околу 15 лица од установата претходните денови имале треска, но не и висока температура.

Тој додаде дека пред два дена биле извршени тестови за коронавирусот, кои покажале дека 10  биле позитивни.

Треба да знаете
Последни објави