Search

Во Сочи средба Путин – Лукашенко

Претседателите на Русија и на Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко денеска ќе се сретнат во Сочи.

– За време на средбата планирано е да разговараат за клучните прашања на понатамошниот развој на руско-белоруските односи на стратешкото партнерство и сојузништво. Посебен фокус ќе биде ставен на реализација на главните заеднички проекти во трговско-економската, енергетската и културно хуманитарната сфера, како и на перспективата за унапредување на интеграциските процеси во Унијата, соопшти Кремљ.

Тоа е прва посета на Лукашенко во странство по претседателските избори на 9 август, на кои тој прогласи победа, а опозицијата ги оспорува резултатите. Русија, за разлика од западните држави, ги призна  резултати од претседателските избори во Белорусија.

Треба да знаете
Последни објави