Search

Во сообраќајна несреќа на нелегални мигранти во Грција еден загинат и четворица повредени

Автомобил на криумчар во кој се превезувале 11 нелегални мигранти, утрово излетал од патот во близина на грчкиот град Кавала и животот го загуби едно, а повредени се четири лица, објавија локалните медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, возачот на автомобилот, претходно наместо да запре на полициски сигнал, ја зголемил брзината, изгубил контрола над возилото излетало од патот и се превртело.

Починатиот и повредените биле пренесени во болница, а останатите се во одделот на граничната полиција во Неа Кавала.

Треба да знаете
Последни објави