Search

Во Солун запалени возила на Министерството за култура

Во текот на ноќта, во Солун, непознати лица запалиле четири возила, од кои три се на Министерството за култура на Грција, паркирани пред Византискиот музеј, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката противпожарна служба соопштуваат дека во гаснењето на пожарот учествувале седум пожарникари со две возила.

Засега, ниту една група или организација нема преземено одговорност за запалените возила.

Треба да знаете
Последни објави