Search

Во снежно невреме во Калифорнија најмалку петмина загинати

Најмалку пет луѓе го загубија животот во снежно невреме што зафати делови на Калифорнија, а во планинската област Сиера Невада паднал повеќе од еден метар снег, соопштија американските власти.

Уште снег се очекува за време на викендот, особено во Стеновитите планини и американскиот Среден запад, пренесе АП.

Од вторник е на сила наредбата за евакуација во некои делови на Лос Анџелес и Санта Барбара, поради стравување дека обилните врнежи би можеле да предизвикаат одрони во подрачјата кои минатата година беа зафатени од пожари.

Треба да знаете
Последни објави