Search

Во Словенија 45 починати, 470 новозаразени со коронавирус

Уште 45 лица починаа во Словенија како резултат на коронавирусот, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 1.097, соопшти словенечката влада.

Тестирани се 1.742 лица, од кои 470 односно 27 проценти биле позитивни на вирусот, пренесува СТА.

Во моментов има 1.292 пациенти во болница, од кои 201 се на интензивна нега.

Во моментов, активни се 20.123 случаи.

Од почетокот на пандемијата, 65.778 лица биле заразени со коронавирус, додека стапката на инциденција е 960 на 100.000 жители.

Треба да знаете
Последни објави