Search

Во Словенија 2.488 новозаразени со коронавирус за 24 часа

Во Словенија се потврдени 2.488 нови инфекции со коронавирус во последните 24 часа, според сè уште неофицијалните податоци емитувани од Словенечката телевизија.

Ова е втор најголем број на новоинфицирани, по рекордни 2.605 новозаразени претходно и е потврда дека состојбата на епидемијата се уште е на работ на контрола, пренесуваат медиумите.

Официјалните податоци за бројот на тестови и состојбата на болниците ќе бидат објавени на прес-конференција во текот на денот.

Словенечката влада вечерва ќе разговара за епидемиолошката состојба, но засега не се очекува ново заострување на мерките, кои веќе вклучуваат забрана за движење во текот на ноќта и надвор од општинските граници, задолжително носење маски и на отворено, часови преку Интернет и многу други. Институтот Јожеф Штефан, кој го проектира и анализира развојот на епидемијата за Владата, објави дека 5,5 проценти од населението е заразено во вториот бран на епидемијата на Ковид-19 досега и дека во моментов се заразени повеќе од официјално потврдената бројка – односно секој 29 жител на Словенија.

Треба да знаете
Последни објави