Search

Во Словенија првпат евидентирани повеќе од 100 нови случаи на коронавирус за еден ден

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 108 нови случаи на коронавирус. Словенечките медиуми наведуваат дека тоа е рекорден број и првпат да има повеќе од 100 случаи во еден ден.

Во последните два дена биле направени повеќе од 2.000 тестови, но како што пишува „Дело“, не е познато колку тестови се направени во последните 24 часа.

Словенија од почетокот на епидемијата регистрираше најмал број случаи на дневно ниво од сите земји во регионот.

Треба да знаете
Последни објави