Search

Во Словенија потврдени 24 нови случаи на заразени со коронавирусот

Во Словенија се потврдени 24 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, со што вкупниот број инфицирани сега е 1022. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, во изминатите 24 часа се тестирани 489 лица, со што вкупниот број е речиси 30.000.

Поради Ковид-19 хоспитализирани вкупно 114 пациенти, а на одделот на интензивна нега се лекуваат 30 луѓе.

Последното деноноќие две лица починаа како последица на Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави