Search

Во Словенија меѓу 528 заразени од коронавирусот 73 се здравствени работници

Бројот на заразени со коронавирусот во Словенија се зголеми на 528 лица, што е за 50 повеќе од вчера, покажуваат податоците на Националниот институт за јавно здравје. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, меѓу заразените има и 73 здравствени работници.

Денеска е регистрирана уште една жртва на Ковид-19, а се работи за постаро лице кои било сместено во домот за стари лица во местото Шмарје при Јелшах.

– Домовите за стари лица се критични точки, пред се поради структурата на луѓето таму, па затоа треба внимателно да се следи ситуацијата на тие места – изјави министерот за здравство Томаж Гантер.

Во Словенија засега пет лица починаа како последица на Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави