Search

Во Словенија има 122 новозаразени и двајца починати од коронавирусот

Во Словенија изминатиов ден од 2.848 направени тестови пронајдени се 122 позитивни случаи на коронавирусот, што е помалку за 14 отколку во претходниот ден. Забележани се два смртни случаи, објави словенечката влада, која подготвува нов пакет субвенции за стопанството.

Во Словенија во болниците во моментов од Covid-19 се лекуваат 63 лица, од кои 13 се на одделите за интензивна нега. Од почетокот на епидемијата во Словенија досега се тестирани 210.479 лица, а инфекцијата на коронавирусот била потврдена ка 4.816 луѓе, 145 починал, а во моментов активни се над 1.400 случаи.

Поради порастот на бројот на новите коронаинфекции Германија две словенечки покраини во централниот дел од земјата и западот ги стави на својата „црвена“ листа, бидејќи таму бројот на заразата на 100.000 жители во последните седум дена надмина 60, пренесуваат словенечките медиуми повикувајќи се на германскиот Институт „Роберт Кох“.

Тоа значи дека на Германците не им се препорачува патувања во тие региони на Словенија, а дека тие оние кои од нив се враќаат во Германија мора да се тестираат на Covid-19 и до резултатите од тестот да останат во карантин.

Словенечката влада на синоќешната седница го прифатила предлогот за новиот „антикорона“ закон за ублажување на последиците од пандемијата на коронавирусот, а премиерот Јанез Јанша изјави дека парламентот за него треба да гласа следната седмица.

Станува збор за нов законски пакет со кој се продолжуваат мерките за субвенционирање на чекањето на работа и покусо работно време, за заштите на работните места, како и за финансирање на здравството и домовите за стари лица, но со „намалување на притисокот врз јавните финанси“, објави словенечката влада.

Треба да знаете
Последни објави