Search

Во Словенија има рекордни 2.605 заразени лица од корнавирусот

Во Словенија за првпат од почетокот на пандемијата предизвикана од коронавирусот во еден ден се евидентирани повеќе од 2.000 инфицирани лица. Денешниот ден е рекорден со 2.605 добиени нови позитивни тестови, од направени 7.471, што изнесува околу 35 одсто од лицата на кои им биле земени брисови.

Во болниците се наоѓаат 612 лица, од кои 99 пациенти се на интензивна нега, а 56 се приклучени на респираторни машини. По сумирањето на 14 дневните добиени статистички податоци на 100.000 жители бројот на заразените од коронавирусот се искачи на 872 лица.

Досеге во Словенија од короанвирусот се инфицирани 28.208 жители, а според податоците од националниот институт за јавно здравје активни се уште 18.269 пациенти.

Досега во земјата се напреавени 342.330 тестирања.

 

Треба да знаете
Последни објави