Search

Во Словенија има евидентирано 464 нови позитивни случаи на коронавирусот

Во Словенија во последните 24 часа се регистрирани 464 нови случаи на коронавирусот, 24 лица починале. Како што соопштија од словенечката влада, тестирани се 2.063 лица, што значи дека околу 22 проценти од испитаниците биле позитивни.

Во болниците има 1.143 пациенти, од кои 190 се на интензивна нега.

Од почетокот на пандемијата, 45.625 лица се разболеле од корона вирусот, додека 578 луѓе се починати.

Треба да знаете
Последни објави