Search

Во Словенија втор ден по ред се регистирани две нови лица инфицирани од коронавирусот

Во Словенија денеска, втор ден по ред, потврдени се уште два нови случаи на инфицирани лица од коронавирусот. Во последните две недели во оваа земја имаше дневно заболени од Ковид 19 по едно или ниту едно лице.

Според последниот извештај починати нема, па вкупната бројка на лица кои ја загубија битката со коронавирусот останува на 108. Вкупниот број на инфицирани сега изнесува 1.473 лица.

Седум инфицирани лица се наоѓаат во болница, од кои две се на одделот за интензивна нега. Едно лице денеска е испишано од болничко лекување. Досега се тестирани 77.210 лица.

 

Треба да знаете
Последни објави