Search

Во Словенија вкупно 1.067 лица се заразени со коронавирусот

Докторите во Словенија потврдија 38 случаи на новозаразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана. Со овие нови, вкупниот број заразени лица сега изнесува 1.067.

Во изминатите 24 часа, тестирани за вирусот биле 1.067 граѓани, а поради Ковид-19 хоспитализирани биле шест лица. Во истиот период оздравеле четири пациенти кои веќе се отпуштени од болница.

Владиниот портпарол Јелко Кацин изјави дека засега заразата се држи под контрола, но дека кривата на заразени лица може многи лесно да се сврти нагоре доколку не се почитуваат мерките на Владата.

Треба да знаете
Последни објави