Search

Во Скопје 23 сообраќајки за празниците, повредени 19 лица

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 17 со лесни телесни повреди во 13 од вкупно 23 сообраќајни незгоди што се случиле во изминатите четири денови на подрачјето на Скопје. Во 10  сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според  податоците на Министерството за внатрешни работи, полицијата санкционирала 139 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 23 кои возеле под дејство на алкохол, 35 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 11 почетници.

Од сообраќај исклучени се и едно возило кое било технички неисправно, 34 нерегистрирани возила, а полицијата издала и 211 санциии за непрописно паркирање. Со специјалното возило „пајак” подгинати се 130 возила.

Санкционирани се и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин, пет пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, 15 кои поминале крстосница на црвено светло, девет возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки пречин, седум за неправилно престројување, тројца за неправилно престигнување, еден  возач за недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, 16 за непоседување пропишана зимска опрема во возилата, тројца  за неносење сигурносен појас и 21 за користење мобилен телефон при возење.

Треба да знаете
Последни објави