Search

Во Скопје се одржува проект „Патот до разбирањето” на Фондацијата „Никола Кљусев”

Фондацијата „Никола Кљусев” е организатор на проектот „Патот до разбирањето”, што се одржува од 4 до 9 овој месец во Скопје во просториите на фондацијата. Како што соопшти Фондацијата, во проектот учествуваат млади од пет земји во регионот (Турција, Хрватска, Бугарија, Грција и Северна Македонија), а целта е размена на мислења, идеи и активности поврзани со мигрантската криза што започна во 2015 година. Учесниците во овој проект се луѓе кои се директно погодени од мигрантската криза, потекнуваат од различни социјални, културни, географски и економски средини и низ интерактивни активности го споделуваат свето искуство во врска со мигрантската криза,
со националните законски промени и се разбира што е она што секоја од овие земји и нејзините граѓани го преземаат за нивно активно вклучување во социјалниот, економскиот и политичкиот живот. Проектот е финансиски поддржан од програмата Млади во акција на Еразмус+

Треба да знаете
Последни објави