Search

Во Скопје санкционирани 141 возачи, 21 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територијата на град Скопје се изречени се вкупно 141 мерка.

Како што информира МВР, меѓу изречените санкции 21 се за возење со брзина поголема од дозволената, 17 за возење без возачка дозвола, две за минување на возила на црвено светло, една за возење под дејство на алкохол, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири за неносење на сигурносен појас, осум за користење на мобилен телефон, три за прекршоци што ги чинат возачите на моторцикли, како и 48 мерки за непрописно паркирање.

– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението на МВР.

Треба да знаете
Последни објави