Search

Во Скопје вчера 10 сообраќајки, повредени осум лица

Едно лице е тешко повредено, а седум се здобиле со полесни повреди во шест од вкупно десет регистрирани сообраќајки на подрачјето на СВР Скопје.

Сообраќајната полиција изрекла мерки за непрописно паркирање на 85 возила, а со „пајак” се подигнати 57 возила.

Санкционирани се и 13 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило, петмина пешаци за поминување надвор од пешачки премин, седум возачи за зборување на мобилен при возење, четворица за неправилно престројување…

Треба да знаете
Последни објави