Search

Во скопската зоолошка пристигнуваат другарка за морскиот лав Кан и шимпанзото Коко со пријателите

Оваа пролет, морскиот лав Кан покрај своите зоо негуватели, ќе има и нова пријателка, информираат од скопската зоолошка градина.

Од таму додаваат дека морската лавица ќе пристигне од Нинберг, а моментално се прават подготовки и за реновирање на живеалиштето со цел да имаат идеални услови за заеднички живот.

Воедно, во соопштението се додава дека новиот дом на шимпанзото Коко е во финална фаза, а мајмунот во Скопје пристигнува со уште три шимпанза со кои бил неразделен во Холандија.

Живеалиштето за шимпанза е по светски стандарди, а зоо негувателите кои ќе се грижат за нив поминуваат и обуки во Холандија, вели директорот на Зоо Скопје, Ѓорѓи Галетановски.

„Сакаме годинава да влеземе во ЕАЗА (Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми). Мај и јуни ќе бидат месеците во кои зоолошката ќе ги добие животните кои и недостасуваат. Зебри, лавови, еланд антилопи, белоносести коати и нови птици. Паралено започнавме и со изградбата на објектот за фламинга и пингивини и со реновирање на други живеалишта како базенот на Кан. Ветивме европска зоолошка градина, тоа и ќе го направиме“, изјави Галетановски.

Треба да знаете
Последни објави