Search

Во Сити разочарани: УЕФА те тужи, УЕФА ти суди

МанќестерСити денеска беше казнет од УЕФА со двегодишна забрана за настап во ЛШ и парична казна од 30 милиони евра за нарупување на финансискиот фер-плеј. По одлуката на УЕФА веднаш се огласија и од „Етихад“ со соопштение:

– Клубот е разочаран, но и не толку изненаден од денешните најави на Советодавниот совет на УЕФА. Нашиот клуб секогаш бараше независно тело да биде вклучено во процесот за да може да се донесат одлуки непристрасно. Во декември 2018 година, главните инспектори на УЕФА јавно сакаа да ни изрекуваат санкции кога сеуште не беше покрената истрага за клубот. Клубот тогаш се жалеше до правниот орган на УЕФА, а жалбата е прифатена во Судот за спортска арбитража. Едноставно кажано, ова е случај инициран од УЕФА, кој го гони УЕФА и го суди УЕФА.  Сега ќе бараме непристрасна пресуда што е можно поскоро. Во прв степен, ќе поднесеме жалба пред Судот за спортска арбитража во Лозана, се вели во соопштението на Манчестер Сити.

Треба да знаете
Последни објави