Search

Во сенка на тензиите со Украина, Русија одржува воени вежби

Русија ќе одржи поморски и ракетни вежби во регионот на Црното Море, иако тензиите со Украина и Западот се на високо ниво по инцидентот кај Азовското море, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Подморниците „Ростов на Дон Б-237“ и „Стари Оскол Б-262“ патролирале и вежбале откривање и уништување на морски и копнени мети со ракетни напади, објави Министерството за одбрана на Русија, а пренесе „Ројтерс“.

Во соопштението на руското Министерство за одбрана не се наведува ниту почетниот ниту крајниот датум на вежбата, ниту пак е познато дали подморниците се дел од поголема воена вежба, наведува агенцијата.

Турција издаде соопштение за нејзините товарни бродови дека во регионот на Црното Море ќе има вежби кои ќе се одвиваат од 3. до 9. декември.

На Крим воените тимови кои управуваат со ракетите земја-воздух со среден дострел, вежбале откривање, идентификување и соборување на воздушни цели, јави агенцијата „Интерфакс“.

Треба да знаете
Последни објави