Search

Во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ комеморативна седница во чест на Љубиша Георгиевски

Во седиштето ВМРО-ДПМНЕ денеска се одржа комеморативна седница во чест на Љубиша Георгиевски, режисер, драмски писател и поранешен претседател на Собранието.

При самата комеморативна седница се обрати Роберт Вељаноски, кој посочи дека да се биде современик на безвремениот Љубиша Георгиевски е привилегија со која човекот Љубиша Георгиевски не почести сите нас.

„Неговата татковска трпеливост и бескрајна духовитост, ја чинеше секоја средба празник за умот и душата. Беше ласерски прецизен во мислата и зборот, умерен кога нудеше и бескрајно дарежлив кога даваше совет. Љубиша Георгиевски беше човек доследен на својот професионална определба. Беше човек сега и овде. А, беше присутен секаде каде што требаше и секогаш кога требаше. Љубиша Георгиевски достоинствено и ненаметливо, беше активен учесник, поддржувач и еден од креаторите на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, кој несебично се вложуваше себеси во идеологијата во која безрезервно веруваше, идеологија која тој длабоко ја чувствуваше во своите дамари и која ја препознаваше во сопствениот ген. Би требало да се истакне дека е непроценлив неговиот придонес во политиките на ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваа на македонската култура, каде на располагање го стави сиот свој раскошен интелектуален и човечки потенцијал и капацитет“, рече Вељаноски.

По завршување на обраќањето на Роберт Вељаноски, свое обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави