Search

Во северозападниот дел на Грција регистрирани 9.920 молњи

Во текот на вчерашниот ден, до попладневните часови во северозападниот дел на Грција биле регистрирани 9.920 молњи од кои речиси 7.000 над морето, според податоците на системот за следење и регистрација на молњи на Националната опсерваторија во Атина, јави дописничката на МИА од Атина.

Невремето „Таља” што од вчера ја зафати Грција, резултираше со силни и обилни врнежи од дожд во Јонското море и во северниот дел на земјата.

На островот Крф, за околу 90 минути наврнале 69 милиметри вода.

Треба да знаете
Последни објави