Search

Во светот од Ковид-19 заразени 58 милиони луѓе, починати 1,3 милиони

Во светот досега се заразени 58.004.872 лица со коронавирусот,  40.192.380 пациенти се излекувале, а 1.379.512 починале, се наведува на веб-страницата на „Ворлдметерс”.

Во моментов има 16.432.980 активни случаи. Еден процент од пациентите, односно 102.228, се во критична состојба, додека 16.330.752 заразени лица покажуваат лесни симптоми на болеста.

Соединетите Американки Држави се рангирани на првото место во светот според бројот на пациенти и смртни случаи, со повеќе од 12,2 милиони заразени и над 260.000 смртни случаи.

Индија е на второ место според бројот на потврдени случаи, надминувајќи девет милиони и трето по бројот на смртни случаи, зад Бразил, со речиси 133.000 смртни случаи.

Бразил е зад Индија со повеќе од шест милиони луѓе заразени со вирусот од почетокот на пандемијата, но е на второ место во светот по бројот на смртни случаи (над 168.000).

Франција е на четвртото место, со 2,1 милиони потврдени случаи и повеќе од 48.000 смртни случаи.

Следува Русија, каде од почетокот на пандемијата, се регистрирани повеќе од 2,06 милиони случаи. Русија е исто така на петтото место според бројот на смртни случаи од Ковид-19 – над 35.000 луѓе досега го загубија животот како последица од оваа болест. 

Треба да знаете
Последни објави