Search

Во светот над 579 илјади нови случаи на коронавирус

– Во светот денеска се регистрирани повеќе од 579.000 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на нови случаи се зголеми на 51,84 милиони, објави Светската здравствена организација.

Според СЗО, бројот на смртни случаи поврзани со вирусот се зголемил за повеќе од 9.600 и надмина 1,28 милиони.

Во целиот свет, вкупно 51.848,261 се заразени, а починаа 1.280.868 лица.

Бројот на потврдени случаи се зголеми за 579.253 во изминатите 24 часа, а бројот на смртни случаи се зголеми за 9.668.

Статистиката на СЗО се заснова само на официјално потврдени податоци кои ги доставиле земјите.

Во Европа, евидентирани се повеќе од 48 отсто од новите случаи на Ковид-19, односно 277.555. Јужна и Северна Америка се на второ место (197.747 случаи), следени од Југоисточна Азија (57.223).

Според СЗО, денеска, најголем број случаи на Ковид-19 биле регистрирани во САД (10.124.555), по што следат Индија (8.863.,916), Бразил (5.700,044), Русија (1.858,568) и Франција (1.829,688), Шпанија (1.417,709), Аргентина (1.262,476), Велика Британија (1.256,729), Колумбија (1.156,675), Италија (1.028,424), Мексико (978.531) и Перу (925.431).

Треба да знаете
Последни објави