Search

Во Сан Франциско вонредна состојба поради коронавирусот, Трамп ги обвини медиумите за паниката и пад на акциите

Градот Сан Франциско прогласи вонредна состојба поради ширењето на новиот коронавирусот, откако официјални претставници од  Центарот за контрола и превенција на болести предупредија дека неговото ширење во САД е неизбежно.

Градоначалникот на Сан Франциско, Лондон Брид,  прогласи вонредна состојба и истакна дека „глобалната слика” на коронавирусот „брзо се менува” и дека градските власти „треба да ја засилат својата подготвеност” за неговото пристигнување на брегот на Калифорнија.

– Ние гледаме дека вирусот се шири секој ден во различни делови на светот…Ги преземаме потребните чекори за да ги заштитиме граѓаните на Сан Франциско од појава на вирусот, додаде Брид.

Засега нема потврдени случаи на коронавирус во Сан Франциско.

Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, изјави дека САД се во „одлична форма” и покрај тоа што медиумите шират лажни вести и се обидуваат да предизвикаат паника на берзите.

Лажните медиуми со низок рејтинг Ем-ес-ди-ен-си и Си-ен-ен даваат се од себе за да го претстават коронавирусот што е можно лошо, вклучително и да создадат паника на берзите, ако можат. Како и некомпетентни колеги демократи, кои не прават ништо друго освен да зборуваат без да преземат акции. САД се во одлична форма, напиша Трамп на Твитер.

 

Треба да знаете
Последни објави