Search

Во самоубиствен напад во Нигерија загинаа 30 фудбалски навивачи

Најмалку 30 лица загинаа при самоубиствен напад во селото Кондуга во областа Борно во североисточна Нигерија, додека во селската сала следеле телевизиски пренос  од натпревар, пренесе Би-би-си.

Во тројниот самоубиствен напад, бомбаши-самоубијци активирале експлозив пред селската сала. Во нападот покрај десетиците мртви, повредени се и четириесетина.

Експлозивот бил активиран при обид за влез во салата, а по првата експлозија бомби биле активиран и од страна на другите двајца бомбаши.

За нападот властите ја обвинија милитантната исламска група Боко Харам која е основана во областа Борно.

Во судирите во Нигерија, досега животот го загубија нешто помалку од 30.000 луѓе, а околу два милиона луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови во период од десет години.

Треба да знаете
Последни објави