Search

Во самоизолација се 12 припадници на АРМ, биле во истото одморалиште со полицајците заразени со Kовид-19

Во самоизолација од вчера се десетина припадници на македонската Армија, кои биле логистика на МВР во Охрид, каде што е затворено одморалиште на полицијата откако се дијагностицирани седум позитивни случаи на Ковид-19 кај припадници на Единицата за брзо распоредување на МВР, објави „360 степени“.

Припадниците на Армијата допрва ќе бидат тестирани откако вчера биле завршени епидемиолошките анкети.

Инаку, како што посочуваат од Генералштабот, моментно во Армијата има само еден активен случај на ковид-19, од вкупно пет, колку што се дијагностицирани од почетокот на епидемијата во земјава, а кои, како што се посочува, главно, не биле инфицирани при извршување на службата.

Треба да знаете
Последни објави