Search

Во САД, 61.795 нови случаи, вкупно заразени над 4,2 милиони

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) соопшти дека во САД се регистрирани 61.795 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени достигна 4.225.687 лица.

Уште 564 луѓе починаа, со што вкупниот број на жртви на пандемијата во САД се искачи на 146.546.

Извештајот за состојбата со коронавирусот го опфаќа периодот до вчера попладне во однос на претходниот ден.

Податоците на ЦДЦ не ги одразуваат случаите пријавени од одделни држави, пренесува Ројтерс.

Треба да знаете
Последни објави