Search

Во САД повеќе од 250.000 починати од коронавирус

Бројот на починати од последици на коронавирусот во САД надмина 250.000 лица.

Стапката на смртност во земјата се зголеми во последните четири недели за 42 отсто, објави Ен Би Си, наведувајќи дека дневно се регистрираат по околу илјада смртни случаи.

Истовремено, САД потврдија еден милион нови случаи на Ковид-19 за само една недела. Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс”, повеќе од 11,3 милиони Американци се заразени со коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави