Search

Во САД обвинети лекари за нелегално препишување лекови

Американските власти подигнаа обвинение против 53 здравствени работници, вклучувајќи и 31 лекар, поради нивната улога во нелегално препишување на опиоиди и други опасни лекови, понекогаш во замена за сексуални услуги.

Властите идентификувале 350 недозволени рецепти, со кои биле препишани 32 милиони таблети.

Имињата на обвинетите се уште не се објавени, но официјалните лица наведоа дека се извршени апсења и претрес кај обвинетите.

– Ако така наречените здравствени работници дејствуваат како дилери на дрога, Министерството за правда ќе ги третира како такви,  изјави помошник-министерот за правда на САД, Брајан Бенчковски.

Речиси сите нелегални рецепти за дроги како фентанил и оксикодон се издадени во пет земји: Алабама, Кентаки, Охајо, Тенеси и Западна Вирџинија. Случаите опфаќаат и лекар во Дејтон, Охајо, кој, наводно, препишал 1.750.000 лекови за период од две години, а друг во Алабама, наводно им дозволувал на жени со кои имал секс, да користат лекови во неговиот дом.

Повеќе од 42.000 Американци починаа од предозирање со опиоиди во 2016 година, а овој број се зголемува.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја прогласи кризата со опиоиди како вонредна здравствена  состојба и во 2018 година ја објави својата иницијатива за ставање крај на злоупотребата на опиоидите.

Треба да знаете
Последни објави