Search

Во САД во јуни отворени 4,8 милиони работни места

Американските работодавачи отворија значително повеќе работни места во јуни отколку што се очекуваше, алудирајќи на евентуален непосреден крај на кризата, иако новиот пораст на бројот на заразени со вирусот Ковид-19 се заканува да го загрози заздравувањето.

Во САД во јуни се отворени 4,8 милиони нови работни места, објави Министерството за труд.

Тоа е најголем број новосоздадени работни места во еден месец од 1939 година, кога државата почна да ги евидентира тие податоци.

Во мај беа отворени речиси 2,7 милиони работни места.

Економистите најавуваа бројка од околу три милиони работни места во јуни.

Треба да знаете
Последни објави