Search

Во сабота посебен сообраќаен режим на дел од улицата „Лазар Личеноски“

На 21.09.2019 (сабота) во времето од 09.00 до 13.00 часот, во организација на  Амбасадата на САД, ќе се одржи трка со пречки под наслов „Трчам да се сеќавам“, со траса на движење од пред Амбасадата на САД до Градски стадион, и назад.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на дел од улицата „Лазар Личеноски“, од крстосницата со улицата „362“ до крстосницата со улицата „Самоилова“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

 

За таа цел, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

Треба да знаете
Последни објави