Search

Во Русија 15.150 заразени со коронавирус во еден ден

Во последните 24 часа во Русија се потврдени 15.150 нови случаи на коронавирус, објави Кризниот штаб.

Тоа, како што велат, е највисок дневен биланс од почетокот на епидемијата.

Од последниот пресек евидентирани се 232 смртни случаи, што е осми пат од почетокот на епидемијата дневниот број на смртни случаи да надминува 200, пренесува ТАСС.

Вкупниот број на заразени сега е 1.369.313, а починале 23.723 лица.

Треба да знаете
Последни објави