Search

Во Русија рекорден број на новозаразени со коронавирусот од почетокот на пандемијата

Русија денеска регистрира 28.145 нови случаи на коронавирусот, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата, со што вкупниот број на пациенти достигна 2.375.546.

Во истиот период од последици од Ковид-19 починаа уште 554 луѓе, па вкупниот број на пациенти кои ја изгубиле борбата против коронавирусот сега изнесува 41.607, соопшти руското Министерство за здравство.

Од коронавирусот закрепнале 1.859.851 лице (малку повеќе од 73 проценти), а стапката на раст на заразени се зголеми за 1,2 проценти, додаде кризниот штаб.

Треба да знаете
Последни објави