Search

Во Русија почнаа клинички испитувања на три препарати против Ковид-19

Во Русија почнаа клиничките испитувања на три препарати за лечење на пациентите заразени со Ковид-19, мефлохин, хидроксихлорикин и калидавир, соопшти прес-службата на федералната Медицинско-биолошка агенција, пренесува „Спутник“.

Испитувањата се спроведуваат со писмена согласност на пациентите инфицирани со новиот вирус.

Препаратот „мефлохин“ кој го претстави руската Федерална биомедицинска агенција (ФБМА) лесно се поднесува и ефикасно дејствува против коронавирусот, изјави пред неколку дена директоркаата на агенцијата, Вероника Скворцова.

„Мефлохин и хидрохлорид се аналози на антималарискиот препарат кини, но се значително помалку токсични, лесно се поднесуваат и имаат многу изразено антивирусно дејство односно дури и микроконцентрации од 10 милимола по литар од овој препарат доведуваат до целосно инхибирање на цитопатските ефекти во културата на ткивото,“ истакна Скворцова за „Росија 1“.

Треба да знаете
Последни објави