Search

Во Русија најнизок дневен раст на новозаболени во речиси две недели

Русија денеска информира за 9.974 нови потврдени случаи на коронавирус во последните 24 часа, а вкупниот број на заразени сега е 252.245.

Ова е првпат од 2 мај Русија да има помалку од 10.000 заразени во 24 часа. Оперативниот стожер за борба против ширење на коронавирусот соопшти дека за време на ноќта починале 93 лица.

Од почетокот на епидемијата во Русија 252.245 луѓе се заразени, над 53.000 оздравеа, а починаа 2.305 луѓе.

Рускиот претседател Владимир Путин го укина карантинот прогласен за целата земја поради пандемијата на коронавирус, наспроти бројот на заразени.

Но, има даде на регионалните лидери сами да донесат одлуки дали ќе ги продолжат мерките на локално ниво.

Москва и околните региони, каде се регистрирани најголем број заразени, остануваат во карантин до крајот на овој месец.

Треба да знаете
Последни објави